| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца босански навивачи загинаа во сообраќајка

soobrakajka

Прославата за пласманот на БиХ на СП во Бразил заврши кобно за три млади момчиња. Навивачите кои биле на возраст на 23, 25 и 27 години загинале во сообраќајна незгода во Полска. Според тамошните медиуми четвртиот патник вил повреден и е во болницата во гратчето Ломже. Момчињата кои биле во возил Рено Меган удриле во камион, на некаде 150 километри од Варшава. Тие се враќале од литванскиот град Каунас, каде босанските репрезентативци ја совладаа домашната селекција и се пласираа на СП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top