| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Ковач е нов селектор на Хрватска

niko kovac

Најавите за смена на Игор Штимац веќе се обистинија и тој стана поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Хрватка.
На состанокот на Хрваскиот фудбалски сојуз, кој беше закажан за денеска во 12 часот, одлучено е да дојде до смена на кормилото на репрезентацијата.
Првиот човек на Сојузот, Давор Шукер, за хрватските медиуми изјави:

– Господинот Игор Штимац ја имаше целосната доверба од Хрватскиот фудблски сојуз и покрај лошите резултати што ги имаше репрезентацијата и не се по желба на навивачите и на целосната хрватска јавност. На мој предлог Управниот одбор на Сојузот разговараше за смена на Штимац и едногласно е усвоено да дојде до смена на селекторот. Нико Ковач е в.д. селектор на репрезентацијата на Хрватска. Тешко ми е заради Игор, но морам да мислам на репрезентацијата. Одлуката која е донесена едногласно е јасна порака до сите. Се надевам дека Ковач ќе ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Бразил преку бараж-натпреварите – додаде Давор Шукер.

Нико Ковач е поранешен репрезентативец на Хрватска и сегашен селектор на младата репрезентација на Хрватска за играчи до 21 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top