| четврток, 6 декември 2018 |

Рами ќе заигра за Милан

Адил Рами, веројатно, ќе почне да тренира со своите нови соиграчи, во редовите на италијанскиот великан Милан

adil-rami

Одбранбениот играч на „Сан Сиро“ доаѓа како позајмен фудбалер од Валенсија, а викендов ги комплетираше сите административни детали за зделката и потпиша „пристапница“ кај миланезите.

Рами ќе биде на списокот на „росонерите“ до крајот на тековната сезона, меѓутоа за право на настап ќе мора да почека до јануари.

Од тогаш екипата на Масимилијано Алегри и ќе почне да му плаќа на Рами откако ќе добие можност и ќе почне да ги брани боите на клубот.

Инаку, шпанскиот состав не се противеше на ова пред сѐ поради тоа што тренерот од „Месталја“, Мирослав Ѓукиќ, и Французинот не се поднесуваа, па како компромисно решение Рами се пресели од Пиринеите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top