Девојкава има само 21 година, а веќе четири години се бори за живот. По бројните терапии, оваа студентка дознала дека и нема спас. Затоа одлучила да направи листа на работи кои сака да направи во последните месеци од нејзиниот живот. На тој список има и некои необични желби, како на пример да отвори шише со меч или да направи сопствена лажна моминска вечер. Нејзината сестра изјавува дека болната Стефани отсекогаш сакала да се омажи и да има многу деца, но поради постојаните терапии не успеала да пронајде никого.
Но Стефани на листата не заборавила на останатите. Една од желбите и е е да ја запознае сестра и со Роби Вилијамс, а нејзиниот татко да го однесе на средба со тимот на Манчестер Јунајтед.
Стефани ја открила болеста во 2009 година, откако докторите и пронашле тумор во големина на тениска топка на карлицата. По почетокот на терапијата туморот пораснао по целата десна страна на карлицата. Минатата година по неуспешната хемотерапија и е отстранета десната нога и дел од карлицата, но по операцијата туморот повторно се појавил. На нова година докторите и кажале дека не можат да и го спасат животот.
Еве го нејзиниот список на желби:
Да одам на одмор со семејството – каде што можеме да бидете заедно сами – со кучињата
Да одам на море – со пријателите и семејството, особено со внуците
Да скокнам од авион со инструктор
Да добијам диплома за одгледувачка
Да се смеам додека не заплачам или додека не ме заболи телото
Да го гледам залезот на сонцето од најубавите места
Да гледам Британија има талент и повторно да се сретнам со Аманда
Да одам во бања и со девојките / другарките на цел викенд во бања
Да имам моминска вечер
Да му ја олеснам и да му ја направам посреќна некому борбата со ракот
Да ги однесам сестра ми, внука ми и мајка ми на “Wicked”
Да направам големо пазарење
Попладневен чај
Вечер со коктели
Да и овозможам на сестра ми да ги запознае Гери Барлоу и Роби Вилијамс
Да ја искористам картичката за кино
Да помиинам нормална пијана вечер во паб
Огномет
Да можам повторно да возам
Да можам повторно да одам на работа
Да го запознаам Дајнамо (уличниот магионичар)
Концерти
Да имам шопинг центар само за мене, пријателите и семеството
Да преспијам на висока нога – голема куќа – храна по нарачка – соба со кино – козметичарки – удобни кревети
Вечер за комедии – Расел Хјуард би бил супер
Да нарачам и да отворам шише со меч
Да поминам ден со семејството без стрес
Да јадам навистина фина храна
Да ги шетам кучињата – им треба тренинг (ПОМОШ)
Луксузен одмор, пет ѕвездички
ОПИ лак за нокти во сите бои – да го имам најдобриот прибор за нокти
Да ги запознаам Кејт и принцот Вилијам
Јас, тато и брат ми да се запознаеме со целата екипа на Манчестер Јунајтед
Јас, тато и зет ми и сестра ми да се запознаеме со целата екипа на Тотенхем
Да гледам многу филмови и многу да се смеам
Таа планира и да основа Steph’s Wishes, добротворна организација која ќе им помага на тинејџерите заболени од рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


