Сите знаат колку пушењето цигари е штетно, но и покрај тоа, сите продолжуваат со овој лош порок. Како инспирација да престанете да пушите, еве некои од славните лица кои успеале да им кажат „не“ на цигарите еднаш засекогаш:
Ештон мислел дека никогаш нема да може да престане
– Бев страсен пушач и верував дека така ќе останам целиот живот – изјави Ештон Качер во емисијата на Џеј Лено. Откако на подарок ја добил книгата „Лесно е да се остави пушењето“ почувствувал дека дошло времето за крај на неговата зависност. Успеал од прва и тоа веднаш ги фрлил цигарите, а верува дека тоа било многу полесно отколку постепено да го намалува бројот на испушени цигари.
Жизел Бундшен не пуши веќе десет години
Славната манекенка пушела уште од адолесценција. Признава дека тоа бил нејзин „вентил“ и начин за избегнување на стресот. Одлучила да престане во 2003 година откако забележала дека сѐ почесто кашла, а откако тоа го направила се здебелила речиси седум килограми од кои не успеала да се ослободи. Но, вели дека попрво би имала малку повеќе месо отколку да ги труе градите.
Обама немаше да успее без ултиматумот на Мишел
Додека првиот пат размислувал за кандидатура за претседател, Барак Обама добил ултиматум од сопругата – може да се кандидира со нејзина целосна поддршка, но само ако престане да пуши. За да ги намали симптомите на криза, користел никотински гуми за џвакање, кои повремено ги користи и денес. Смета дека 95 отсто е излечен од зависноста, но признава дека и денес го обзема желба, но се плаши дека ќе ја разочара Мишел.
Кетрин Хигл прво експериментирала со е-цигарите
После долгиот пушачки стаж, Кетрин Хигл одлучила да премине на поздрава алтернатива на својата зависност, е-цигарите. Со нив продолжила уште една година пред конечно да престане да пуши, а одлуката ја зацврстила нејзината желба да стане мајка. Денес вели дека токму чистиот воздух е нејзиниот најголем подарок за ќерката која ја посвои од Јужна Кореја.
Мет Дејмон престана да пуши затоа што не сакал да биде лош пример
Татко на четири млади девојки, познат актер и режисер, Мет Дејмон рече дека му требало многу време да престане, но дека неизмерно му е мило што денес не пуши. Последната цигара ја запалил во 2004 година на крајот на снимањето на филмот Oceans’s12, а во одвикнувањето најмногу му помогнала хипнозата. Освен тоа, мотив му бил да биде добар пример на своите ќерки.
На Вупи Голдберг ѝ помогнал лекар
Славната комичарка неколку пати се обидувала да ги остави цигарите, но зависноста се будела веќе после неколку недели. На крај побарала помош од својот семеен лекар, кој ѝ препишал лекови кои го заменуваат никотинот и ги намалуваат симптомите на криза. Не пуши веќе една година и вели дека требало да го направи тоа и порано.
Џон Хам навреме се опамети
Иако е најпознат по улогата на Дон Дрејпер од серијалот „Mad Men“ во која цигарите и алкохолот се заштитен знак, Џон изјави дека престанал да пуши на 24 години. На тоа го поттикнало случајот на ракот на белите дробови на член во блиското семејство.
Шарлиз наводно пушела до три кутии на ден
Бев голем зависник, признава Шарлиз која пушела и до три кутии цигари на ден. Рече дека се залажувала дека со здравата исхрана и редовните тренинзи ќе се намали штетноста од цигарите. Престана да пуши во 2011 година, а рече дека најголема замена за цигарите во прво време ѝ била храната.
На Гвинет ѝ помага една цигара неделно
Иако е голем промотор на здравиот начин на живеење, славната Гвинет Палтроу признава дека единствен начин да се држи подалеку од цигарите е тоа секоја сабота навечер да се почести со една. Таа вели дека била толку многу зависна што пушела и во времето додека нејзиниот татко се борел со ракот на грлото и дека знаеле дека цигарите можат да ја убијат.
На Џенифер Анистон ѝ помага јогата
Во март оваа година почнаа гласини дека Џенифер Анистон е бремена откако оваа слаба акерка на црвениот килим се појави со неколку килограми повеќе. Призна дека не станува збор за бременост, туку дека по повеќе од 20 години пушачки стаж, ги оставила цигарите. Поради тоа се здебелила, а тврди дека најголем сојузник во борбата со зависноста ѝ е јогата.
На Бен цигарите му се згадиле
Пред да стане внимателен татко и сопруг, Бен Афлек пушел цела деценија. Првпат престанал да пуши во 2005 година откако дознал дека жената му е бремена, но истата година го снимал филмот Smokin Aces и повторно пушел и по пет кутии на ден. По завршувањето на снимањето му било згадено од цигарите и од тогаш повторно не запалил.
Дру Баримор користи хипноза
Таа е дете на Холивуд и како таква од мали нозе била изложена на пороци. Цигари пуши уште од десет години, а се откажа дури неодамна. Не пуши веќе три месеци, а признава дека не би можела да успее без третманите со хипноза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.