| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли има само три години живот?

Анџелина Џоли е загрижена дека има само три години живот. Според „Америкас глоуб магазин“, актерката почнала тајно да составува „bucket list“ со работи и цели кои сака да ги направи пред да умре.

Џоли (38) неодамна беше подложена на превентивна двојна мастектомија за да се минимизира нејзиниот ризикот од рак на дојка, а планира да направи и дополнителна хируршка операција за да го отстрани ризикот од рак на јајници, но и покрај тоа таа е убедена дека нема уште многу останато време.

– Анџелина се обидува да го живее својот живот до максимум бидејќи чувствува длабоко во себе дека не ѝ преостанува уште многу живот, открива изворот. Таа прави сè за да го продолжи својот живот, но верува дека нема да ја доживее средината на 40-те.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top