| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана има свој адут за Евровизија

Нашата Тијана која е со белградска адреса на живеење наголемо се подготвува за изборот за Песна на Евровизија кој на 6, 8 и 10-ти мај ќе се одржи во Копенхаген.

Според српските медиуми, Тијана со својот авторски тим работи на подготовката на својата песна. Според најавите, таа сака да пее брза и певлива песна.

– Сметам дека песната е најважниот адут на Евровизија. Ако имаш добра песна, која ќе ја разбере бебе од седум месеци и човек од 77 години, тогаш има кец во ракав. Очекувам да направиме журка и одлична атмосфера на сцената, изјави Тијана.

Песната со која Тијана ќе ја претставува Македонија на Евровизија премиерно ќе биде претставена на 15-јануари 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top