Томи Морисон, кој глумеше во петтото продолжение од серијалот за Роки, почина во неделата, во Омаха. Тони Холден, неговиот поранешен промотор кој за смртта на боксерот ги извести медиумите, не сакаше да ги коментира причините за смртта. Морисон, кој глумеше во филмот Роки 5 почина во неделата, во болница во Омаха.
Титулата светски првак во тешка категорија ја освои во 1993 година, поразувајќи го Џорџ Форман. Боксерот во 1996 година објави дека е ХИВ позитивен, но во наредните години тврдеше дека резултатите од тестот биле лажно позитивни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


