| четврток, 6 декември 2018 |

Кожув подобар од Пеќ

Кошаркарите на Кожув го стартуваа својот втор настап во БИБЛ-лигата со победа, откако денеска на домашен терен славеа над косовскиот Пеќ со 84:79

kozuv-kumanovo21

Како и многу пати досега, одличната игра во нападот беше главен фактор за успехот на Кожув, добро функционираше и надворешната линија исто како и играта во рекетот, па на крајот гевгеличани сосема заслужено се радуваа на победата.

Караџовски со 18 поени беше најефикасен во таборот на Кожув, Божовиќ беше стрелец на 17 поени, додека Пековиќ го заврши дуелот како трет стрелец на својот тим, со 16 реализирани поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top