| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасни сцени од Сирија: поради глад, дозволено е да се јадат мачки, кучиња и магариња

По извештаите дека во пределите опколени од страна на бунтовниците владее голем глад, сириските муслимански свештеници донеле одлука, односно фетва со која на луѓето им се дозволува да јадат мачки, кучиња и магариња.

Агенциите за помош ја повикале владата да обезбедат пристап до хуманитарните залихи кои што би им помогнале на луѓето кои останале заглавени во окупираните делови.

sirija-macki-kucinja-04

Според досегашните информации, најкритична е состојбата со гладот во предградието Муадхамиј, каде што повеќе стотици луѓе успеале да побегнат во текот на викендот, кога на сила била одлуката за прекин на огнот.

Својата порака муслиманските свештеници ја опишале како молба за помош и додале дека доколку ситуацијата продолжи да се влошува, луѓето ќе мораат да го јадат месото од мртвите, само за да преживеат.

I

Хуманитарните агенции пак предупредиле дека обезбедувањето на храна би требало да биде приоритет, исто како што се приоритетни и програмите за уништувањето на хемиското оружје.

Генералниот директор на организацијата Доктори без граници, Кристофер Стоукс, изјавил дека ситуацијата е апсурдна затоа што на хемиските инспектори им се обезбедува слободно движење, додека пак конвоите во кои што се наоѓа помошта се целосно блокирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top