Еден англиски службеник од паркинг сервисот и напиша казна на екс-државната секретарка и некогашната прва дама на САД, Хилари Клинтон, и покрај интервенцијата на неколку припадници на нејзиното обезбедување.
Забележувајќи сребрен мерцедес паркиран повеќе од 45 минути а паркингот не е платен, контролорот и напишал казна и ја залепил на автомобилот. Кога ја забележал ситуацијата, се појавил агент на тајната служба и се обидел да му објасни на контролорот на кого е мерцедесот. Храбриот контролор останал доследен до крај и покрај тоа што неколку припадници на обезбедувањето го опкружиле како во акционен филм.
Казната која треба да ја плати Клинтон е 80 фунти, но доколку ја плати во наредните 14 дена истата ќе биде намалена на 40.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


