| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата затвори три локали во липковско

Полицијата затворила три локала во липковско, откако открила 6 албански државјани без регулиран престој, оружје кај гостите и низа неправилности во работењето.

Во полициската акција на СВР Куманово и специјалните служби на МВР извршен е преглед во угостителскиот „Алби„ во селото Ваксинце, „Натира„ во село Руница, и „Гошинца„ во Черкеско село, при што пронајдени се и одземени 4 пиштоли, од кои двајца од гостите ги поседувале без дозвола, а другите двајца немале право да ги носат со нив.

Во локалот „Алби„, сопственост на А.Р.(25) од селото Лојане пронајдени се 6 девојки од Албанија кои ги забавувале гостите. Девојките се приведени и протерани од државата.

Во акцијата учествувале и екипи на УЈП, државниот инспекторат и ЕВН, кои воочиле низа неправилности во работењето, а во угостителските објекти „Натира„ Гошинце, сопствениците краделе струја.

Газдите на трите локалите ќе треба да платат вкупна глоба во висина од 12 000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top