| четврток, 6 декември 2018 |

Од април струјата ќе поевтини за 30 %

Либерализацијата на пазарот за струја што ќе почне на први април следната година ќе ја поевтини струјата и до 30%, проценува претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, пишува „Капитал“.

“Моментално индустријата плаќа просечно околу 95 евра за мегаватчас, во момент кога цената на европскиот пазар падна и до 45 евра. Со либерализацијата,  цената за македонската индустрија ќе биде од 55 до 60 евра за мегаватчас, што значи ќе има намалување на енергетските трошоци  на компаниите и за 30%“, вели Анѓушев, кој што инаку е и сопственик на компанија за трговија со струја.

Втората фаза од либерализацијата на пазарот за електрична енергија се одложуваше неколку пати досега, а по нејзиното настапување, освен  најголемите индустриски потрошувачи, кои што и сега купуваат струја на европскиот пазар, оваа можност ќе ја имаат уште 220 големи и средни компании во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top