Компанијата „Амадеус девелопмент“ стана сопственик на земјиштето на плоштадот Македонија на кое треба да биде изграден плоштад на три ката, објави „Нетпрес“.

Компанијата го купи од државата земјиштето со површина од 1046 метри квадратни за околу 97 милиони денари односно понудила цена од 93.100 денари за метар квадратен.

-Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. По извршената уплата во утврдениот рок, Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од шест години од денот на правосилност на одобрението за градење, велат од Министерството за транспорт и врски кое го спроведе јавното наддавање за парцелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


