| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски сѐ уште е без клуб

Сезоната во домашните шампионати низ Европа веќе почна, а Владо Илиевски сѐ уште нема потпишано договор со клуб во кој би ја продолжил својата кариера

Montenegro vs F.Y.R of Macedonia

Македонскиот репрезентативен плејмејкер лани настапуваше за Цедевита, а по истекот на неговиот договор најави дека добро ќе размисли за тоа каде би играл во новата сезона.

– За да потпишам со нов клуб, потребно е да се поклопат многу работи. Да речеме дека јас сум човек што размислува многу повеќе од останатите пред да замине во нова средина – изјави Илиевски неколку месеци пред ЕП 2013.

Тој настапи за Македонија на овој шампионат, што беа негови последни средби во репрезентативниот дрес, по што се очекуваше, со оглед на реномето и искуството, без проблем да најде и нов клуб. Сепак, Илиевски почна да работи со тимот на Хелиос, каде што ќе тренира сѐ до наоѓањето ангажман.

– Благодарност до тренерот Сагадин што ми дозволи да работам со тимот на Хелоис во овој период. Што се однесува до трансфер, нема ништо ново, сѐ уште ја чекам вистинската понуда – порача Илиевски од Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top