Човек со Туретов синдром поминал 38 години заклучен во ментална институција во западна Германија откако по грешка му е дијагностицирано ментално нарушување.
И покрај тоа што бил заклучен по грешка речиси 40 години, сега тој не сака да излезе од болницата бидејќи, како што вели, не е способен за самостоен живот.
Германскиот портал „Фокус“ пишува дека е затворен кога имал 18 години, а денес има 56, кога му била дадена погрешна дијагноза и е сметан за опасност на околината.
Понудена му е компензација за направената грешка, меѓутоа животот во менталната институција толку го онеспособил за самостоен живот што решил да си остане.
Докторите неговиот случај го опишале како единствен и велат дека е трагично што му се случило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.