Карл Лагерфелд, францускиот дизајнер го критикуваше новиот изглед на првата дама на САД Мишел Обама, осврнувајќи се на нејзината нова фризура.
Лагерфелд, во интервју за француската телевизиска станица „Канал Плус“ изјави дека не ја разбира нејзината нова фризура. – Искрено, мислам дека ова со новата фризура беше лоша идеја -изјави креативниот директор на модната куќа Шанел.
Но, тој не заборави да додаде дека и покрај се, тој ја обожава Мишел Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



