| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиската олимпијка позитивна на кокаин

Белгиската џудистка Чарлин Ван Сник, која на Олимписките игри во Лондон минатата година освои бронзен медал, е позитивна на кокаин.

Ван Сник падна на допинг-тестот на Светското првенство во Рио де Жанеиро, каде што, исто така, освои бронзен медал до 48 килограми.

– Ми кажаа дека во примерокот од мојата урина нашле забранета супстанција. Таа информација ме шокираше бидејќи навистина внимавам на тие работи и водам чист живот. Никогаш не сум земала нешто за подобрување на мојот настап – рече Ван Сник.

Доколку се докаже дека земала забранети супстанции, ѝ се заканува двегодишна суспензија и одземање на светската бронза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top