| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар: Играњето покрај Меси е исполнување на мојот сон

Младиот напаѓач Нејмар, кој летоска се пресели во Барселона од редовите на Сантос, за магазинот „Ас“ откри колку е воодушевен од техниките на најдобриот фудбалер, а и каква личност е надвор од терените.

– Играњето покрај Меси е исполнување на мојот сон. Меси е спектакуларен играч. Гениј. Се надевам деке ќе му помогнам многу на теренот. Чест е да се игра со него – рече Нејмар, кој има одиграно 7 натпревари за Барселона и постигна два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top