Средовечна жена, гневна поради нерешен спор со ЕВН, со бензин ја попрскала трафостаницата во велешко Башино Село и ја запалила. Пожарот бил локализиран, а полицијата поднела кривична пријава против жената.
Според СВР Велес, била поднесена кривична пријава против М.П. (46) од Башино село – велешко, по кривично дело предизвикување општа опасност.
На 28-ми месецов, жената незадоволна од нерешениот спор со ЕВН, во знак на револт купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во Башино село, по што со запалка предизвикала пожар. По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата. Жената, инаку и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, во два наврати предизвикала оштетување на јавните инсталации на ЕВН за што и се поднесени кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



