„Локацијата за оваа катна гаража е во близина на Собранието на Република Македонија и со неа би се овозможил поголем простор за паркирање и за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје“, соопшти Министерството за транспорт и за врски.
Според информациите од Министерството за транспорт и за врски, парцелата за катната гаража е со површина од 2.455 квадратни метри. Почетната цена е 1.850 денари за еден квадратен метар, а пријавите треба да се достават до Министерството за транспорт и за врски најдоцна до 13 следниот месец. Банкарската гаранција за учество на наддавањаето изнесува 50.000 евра во денарска противвредност.
За продажба се објавении и шест локации наменети за сендвичарници, со површина од по осум квадратни метри. Најповолните понудувачи треба да ги изградат објектите во согласност со понуденото идејно решение. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од еден квадратен метар, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13 следниот месец. Банкарската гаранција за учество на јавното наддавање е 30.000 евра.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица што ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на објавената информација може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и за врски – www.mtc.gov.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


