Новак Ѓоковиќ е голем авторитет во светот на тенисот и неговите негодувања на квалитетот на подлогата во Шарлроа, донесоа вонредна инспекција за проверка на теренот во „Спиридом“ арена пред денешниот Дејвис куп меч меѓу Белгија и Србија.
-Не сум видел полош тениски терен во кариерата. Се обидов да тренирам пред настапот, но подлогата се лизга и е опасна за нас тенисерите што треба да играме. Ова е катастрофално – изјави Ѓоковиќ. Тој не сакаше да го откаже настапот за Србија во првото коло и ќе мора да игра само 5 дена откако по третпат во серија го освои Австралија опен во Мелбурн. Неговата реакција за лошата земјена подлога во Шарлроа доведе вонредна инспекција што ќе даде конечна оценка дали може да се игра или не.
Првиот поединечен меч денеска треба да започне од 14 часот, а ќе играат Давид Гофан за Белгија против вториот српски рекет Виктор Троицки. По нив, Ѓоковиќ ќе му излезе на мегдан на Оливие Рохус.
Во последниот меѓусебен дуел на Белгија и Србија во 2005 година во Белград, токму Ѓоковиќ беше трагичарот и го загуби решавачкиот петти меч против Криштоф Флиген со 1-3 во сетови, а Белгијците славеа со 3-2 во поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


