Руската полиција приведе околу 1.200 луѓе по вчерашните немири во московското предградие Западно Биријулјово. Рацијата е спроведена во магацин за зеленчук, сопственост на доселеници од Кавказ, кој вчера беше цел на напади на демонстрантите кои протестираа поради убиството на еден граѓанин од Москва.
Полицијата наведе дека луѓето се приведени поради проверка на документите и евентуалното учество во кривичното дело. Во магацинот за зеленчук е пронајден автомобил во кој имало неколку милиони рубљи, три пиштоли, два ножа и една палка за бејзбол. Руската полиција синоќа уапси 400 луѓе поради учество на насилните демонстрации. Речиси сите се ослободени, а против 70 од нив се покренати кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.