| четврток, 6 декември 2018 |

„Скајп“ под истрага поради „Призма“

skypeПрограмата за бесплатно телефонирање „Скајп“ (Skype) на американскиот гигант „Мајкрософт“ се најде под истрага на судските органи во Луксембург, поради откривање кориснички податоци на Американската национална безбедносна агенција – НСА. „Скајп“ поради даночни олеснувања има седиште во Луксембург, чијшто Устав го гарантира правото на приватност и прислушувањето на комуникациските канали смее да се врши само со судска дозвола и затоа властите во земјата повеле истрага за тоа.

Skype-eyeНСА влегла во системот VOiP уште во јуни минатата година, а „Мајкрософт“ ѝ овозможил на НСА пристап до електронската пошта на своите корисници. Официјалните извори во Луксембург одбиле да ја коментираат истрагата, а медиумите шпекулираат дека е можно власта веќе да ја казнила компанијата, но без знаење на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top