| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето ја дигна инфлацијата во Кина

juanСтапката на инфлација во Кина во септември достигна 3,1 проценти, што е највисокото ниво во последните седум месеци. Причина е скокот на цените на прехранбените производи, кој е предизвикан од лошите временски услови. Скокот на цените на земјоделските производи во истиот месец изнесува 1,5 процент во однос на август поради сушите и поплавите во повеќето региони во Кина.

Најновиот пораст на стапката на инфлација го намалува просторот за маневар на Кинеската централна банка да ја поддржи националната економија, а како дополнителна пречка е и извозот на земјата кој забележа неочекуван пад. Стапката на инфлација во септември беше повисока од процената на аналитичарите, кои во просек очекуваа годишна стапка од 2,9 проценти, но, сепак, таа сѐ уште е пониска од целната за 2013 година која изнесува 3,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top