Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, ги предупреди САД дека им се заканува опасност поради истекување на рокот за продолжување на лимитот на нивото за задолжување и дека тоа претставува сериозен развој на состојбата.
Тој во текот на редовното годишно заседание на Советот за безбедност во Вашингтон рече дека со изминување на рокот, се зголемува опасноста за целиот свет.
– Апелирам до американските законодавци да ја избегнат кризата, рече Ким.
САД во рок од четири дена во Конгресот мора да ги изгласаат неопходните мерки, инаку ќе се случи за првпат во историјата Америка да не може да го сервисира својот надворешен долг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


