| четврток, 6 декември 2018 |

Арамија однесе 4000 евра од скопски сеф

sef pari

Во текот на празничниот викенд крадец го испразнил сефот на скопјанец и побегнал со плен вреден 4.000 евра.

Како што соопшти полицијата крадецот влегол во станот на 39-годишниот Б.М. на улицата „Благоја Стефковски“ во скопската населба Маџари.

Арамијата насилно ја отворил влезната врата и влегол во станот.

Откако ги пребарал собите одземал метален сеф во кој имало златен накит, евра и денари, предизвикувајќи штета од 4.000 евра.

Полицијата извршила увид и трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top