Српскиот премиер издал забрана на продуцентите на проектот „Невозможна мисија“ за емитување на епизодата во која тој е жртва на скриена камера. Продуцените на ТВ Коперникус, каде се емитува оваа емисија најавија дека вчера во 18 часот ќе ја емитуваат нецензурираната епизода на која лажната водителка Бранка Кнежевиќ.
Но, денес на нивниот сајт стои дека ова било забрането од Дачиќ.
Дачиќ покрена постапка за казнување на одговорните поради пропустите кои довеле до тоа тој да биде жртва на скриена камера, изјави специјалниот советник на премиерот за национална безбедност Ивица Тончев за „Блиц“
Тој наведе дека Дачиќ не дозволил да се емитува спорната снимка на која водителката без гаќи го интервјуира премиерот.
– Целиот слуичај ќе биде целосно испитан, посочи Тончев додавајќи дека скриената камера „е потсмевање со Србија, а не со премиерот“.
Тој истакна дека луѓето од „Невозможна мисија“ на ТВ Коперникус „ја злоупотребиле довербата и пријателството што премиерот го има кон новинарите“.
Тончев наведува и дека Дачиќ ќе ги искористи и законските основи за да ги санкционира тие што го прекршиле законот или новинарскиот кодекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.