| четврток, 6 декември 2018 |

Крвна одмазда: Ликвидиран братот на наркобосот Насер Кељменди

keljmendi

 

Реџеп Кељменди-Џеко, брат на наркобосот Насер Кељменди, е убиен завчера во близина на автобуската станица во Пеќ. Напаѓачите истрелале неколку куршуми од „калашников“ додека тој влегувал во автомобил.

– Со оглед на тоа што недалеку од местото на ликвидацијата е пронајден запален автомобил, веројатно убиството е извршено од професионалец. Првите информации за мотивите за убиството укажуваат дека се работи за крвна одмазда. Познато е дека меѓу семејствата Кељменди и Ругова буквално беснее војна повеќе децении и во пресметките меѓу нив убиени се најмалку пет луѓе – изјави извор близок до истрагата за српски „Курир“.

Реџеп до пред три дена бил во Црна Гора, а ја напуштил државата затоа што му било ускратено гостопримството, заедно со останатите членови на семејството Кељменди. Последните месеци ги минал во хотелот „Каса Гранде“, сопственост на неговиот брат Насер, кој е во притвор во Косово и чека одлука за екстрадиција во БиХ за да му се суди за неколку убиства и трговија со дрога.

Кељменди е водач на една од најсилните албански криминални групи на Балканот, а минатата година е ставен како прв на црната листа на САД по опасност од Европа. Тој, според српската полиција, е главен финансиер и организатор на трговијата со хероин од Турција и Албанија, кои потоа се транспортираат во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top