
Морам да им заблагодарам на сите што вечерва дојдоа да ни дадат поддршка бидејќи тие се можеби најзаслужни што собравме сили во финишот од средбата и дојдовме до реми против големиот ПСЖ, изјави бекот на ракометниот шампион Вардар Филип Лазаров по вечерашниот меч против „светците“ во рамки од 3. коло од Лигата на шампионите (ЛШ).
„Наша главна цел беше да не правиме технички грешки и да играме трпеливо, да не избрзуваме.Ова се покажа клучно во финишот кога противникот малку се опушти понесен од високата позитива и тогаш им се случи тоа што најмалку сакаа. Пресреќен сум од остварениот резултат. Ова ни дава мотивација да тренираме уште подобро и да продолжиме да и се оддолжуваме на оваа прекрасна публика. Ракометот е тимски спорт, но морам да го потенцирам голманот Ангелов, кој беше фантастичен и секоја му чест. Тој е искусен и ние не се сомневавме во него во ниту еден момент“, – додава капитенот на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


