| четврток, 6 декември 2018 |

Затегнато во Вуковар: Полицијата на готовс, поради таблите на кирилица

vukovar_cirilica

Безбедносната ситуација во Вуковар е крената на највисок степен, откако во текот на изминатата ноќ се вратени двојазичните табли на две институции на државната самоуправа во тој град, пишува „Јутарњи лист“. Кирилични табли се вратени на зградата на државната управа и на Заводот за здравствено осигурување. Весникот наведува дека полицијата ја опколила и зградата на Заводот за пензиско осигурување, па се очекува дека денеска и таму би можела да биде поставена нова табла.

Претставникот на вуковарските бранители собрани во „Штабот за одбрана на хрватски Вуковар“ изјави дека по овој повод тие денеска нема да преземаат никакви активности, бидејќи имаат други обврски, додека за понатамошните чекори дополнително ќе соопштат. Портпаролот на бранителите на Вуковар, Игор Гавриќ оцени дека е морбидно што кириличните табли се вратени само еден ден пред погребот на 11 жртви од Татковинската војна во Сотин.

– Ги повикувам сите хрватски патриот да видат што прави владата, па тогаш и самите ќе знаат што треба да направат – порача Гавриќ. Вуковарските бранители велат дека во тој град не живеат третина српска популација, како што покажал пописот на население во 2011 година. Според хрватскиот Устав, во градовите и општините каде припадниците на малцинствата претставуваат една третина од населението, имаат право на официјална употреба на своето писмо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top