| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе се вработат 294 психолози и педагози

nikola-gruevski-foto-645x360

Во средните училишта ќе се вработат 294 психолози и педагози – посочи денеска премиерот Никола Груевски. Според него, констатирано е дека има недостиг на педагози и психолози во средните училишта.

Тие 294 лица ќе бидат вработени во две-три фази. Конкурсот наскоро треба да се објави и првата група од најмалку 70 лица треба да биде примена до крајот на оваа година. Втората група ќе биде во следната година, а третата најдоцна до 2015 година – рече Груевски.

Со ова ќе се  реализира замислата да се комплетираат  скоро 300 педагози и психолози кои треба да се вклучат во образовниот систем.

– Станува збор за една сериозна бројка која ќе биде реализирана и тоа е еден од чекорите на Владата за подобрување на квалитетот на образовниот систем и помагање на младите да израснат со максимална помош, поддршка на сите оние лица на коишто би можеле да им помогнат – истакна премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top