Екипа на ЕВН била физички нападната во тетовското село Голема Речица бидејќи исклучиле струја поради неплатени сметки. Член од исклученото семејство ја нападнал екипата, удирајќи еден од вработените. Случајот е пријавен во полицијата, МВР најавува соодветен поднесок, како во сите случаи на напад врз екипите на ЕВН.
Од ЕВН велат дека немаат точна статистика за колку екипи биле нападнати при извршување на задачите. Минатата година околу 15 нивни екипи биле цел на насилство во различни делови од државата. Во Штип работник им бил нападнат со чекан, во Куманово со камења, напад имало и во Струга при исклучување на диво приклучена пекарница, како и во објект во битолско. Најчесто нападите се случуваат при исклучување или проверка на броилата. За среќа нападнатите поминуваат со полесни повреди. Од ЕВН посочуваат на соработката со полицијата и нивната асистенција во определени случаеви и упатуваат апел да не се напаѓаат екипите и работниците кои си ја вршат работата. За тоа постојат и законски одредби според кои не смее да им се попречува пристапот до броилото, додаваат од ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


