| четврток, 6 декември 2018 |

Одлична тактика за нова победа на Фетел

fetel

Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул е победник на трката за ГН на Јапонија што се возеше на трката во Сузука.
Одличниот Германски возач на оваа патека стигна до петтата победа едноподруго и 35 во кариерата со време од 1 час 26 минути и 49 секунди. Зад него се пласираше неговиот клубски колега Марк Вебер кој оваа трка ја стартуваше од пол позицијата. Трет беше возачот на Лотус Марк Грожан.
Фетел на оваа трка настапи со сосема друга тактика во однос на другите пилоти на стазата влегувајќи во бокс само двапати, додека сите останати ги посетија своите механичари по три.
Предноста на Фетел во генералниот пласман е 90 бода пред Фернандо Алонсо од Ферари и веќе во следната трка што се вози во Индија за две недели со освојување на нови десет бода или освојување петтото место може да се закити со нова титула во Формула 1 циркусот, четврта последователна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top