Во организација на Таргет комуникации и Град Скопје седумдесетина учесници вчера дискутираа за изготвување на нова стратегија за соработка на Град Скопје со здруженијата на граѓани и фондации. Во креирањето на своите политики, Градот активно ги вклучува сите членови на невладиниот сектор кои функционираат на локално и на државно ниво. За потребите од комплетно информирање на граѓанските здруженија и невладиниот сектор на официјалниот портал на Градот Скопје, веќе подолго време функционира посебна страница наречена НВО порта, а отворен е и НВО центарот, којшто секој работен ден функционира во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје.
-Граѓанското општество во рамките на Скопје претставува голема и разновидна заедница. Голем дел од граѓанските организации кои се регистрирани на територијата на Скопје својата активност ја базираат на локално ниво, но не е мал и бројот на организациите кои дејствуваат и во национални рамки. Ваквиот потенцијал на граѓанскиот сектор, но и надлежностите на Градот во овој дел, ја посочуваат потребата од дефинирање на соработката помеѓу Градот Скопје и граѓанските организации- истакна Мирјана Апостолова, помошник-раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации во Град Скопје, информира весникот „Вечер“.
Советот на Град Скопје во ноември 2007 година ја усвои Стратегијата за соработка со граѓанските организации заедно со акцискиот план за нејзина реализација, чија главна цел е овозможување на активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање на развојните политики, активности и иницијативи, како и создавање предуслови за оформување на ефикасни партнерства во нивно реализирање.
Нацрт-верзијата на Стратегијата се очекува да биде изготвена во првата половина на годинава. Инаку, во изминатите 4 години Градот Скопје финансирал 797 проекти од различни области образование, култура, социјална, детска и здравствена заштита, спорт, меѓународна соработка, локален економски развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


