Од 11 ноември Google ќе почне во своите реклами да ги користи препораките на корисниците нa Google+. Тоа би значело дека сè што препорачувате како производ или услуга преку Google+, може да биде искористено во реклама.
На пример, во случај да сте препорачале некој производ, ако компанијата чиј производ сте го препорачале одлучи да се рекламира преку Google тие може да ја искористат вашата препорака и вашата пријатели на интернет ќе ја видат рекламата заедно со препораката.
Facebook плати 20 милиони долари казна за сличен ваков потег, но Google смисли едноставен начин за да се спаси од тужба. Google ја овозможува опцијата да не се согласите со новите услови и ништо од вашите препораки нема да биде искористено во комерцијални цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


