| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите разочарани од членството во ЕУ

hrvatska_eu_znaminja

Хрватите разочарани по првите сто дена на хрватското членство во Европската Унија.  Епилогот по сто дена во ЕУ е донесена одлука за конечна распродажба на Хрватска, најголеми штрајкови на лекарите, скршени двојазични плочи,заострени пдноси со Унгарија, поради апсење на првиот човек на МОЛ Золт Хернади…

Хрватските медиуми велат дека воопшто нема намалување на цените, а зголемен е бројот на луѓе кои ги пакуваат куферите и заминуваат надвор од државата. Хрватска бележи рекордни дефицити и целосна дупка во буџетот.

Луѓето се песимисти, ни веруваат ниту на влада, ниту на опозиција. а во анкетите за расположението на граѓаните на Хрватска, кои слободно може да се наречат депресивни гарнитурата на Зоран Милановиќ добива „двојка“ .

Повторно се актиелизира темата за усташите и партизаните,  четниците и комунистите. Се посочува дека Србите кои останале во Хрватска се најголемиот хрватски проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top