Најмалку единаесет лица се водат за исчезнати по уривање на безбедносната потпора на мост преку реката Јанце кој се гради во близина на мегалополисот Чонгкинг во централна Кина, пренесува агенцијата Синхуа.
Според агенцијата несреќата се случила вчера, кога безбедносната потпора се урнала во реката, откако пловечкиот кран се удрил во столбовите од конструкцијата на мостот. Десетмина од ислезнатите се работници, а еден е локален жител, кој бил повлечен од речните бранови кои се формирале од падот на конструкцијата во водата. Уште две лица биле полесно повредени.
Градежните работи се веднаш сопрени, а на местото на несреќата се спроведува потрага по исчезнатите во која учествуваат 150 спасувачи и 16 чамци, јавува агенцијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.