| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска молитва за Тоше во загребачката капела

tose 4

Шест години без „принцот на балканскиот поп“ – Хрватска се сеќава на Тоше. Сите оние кои сакаат да се потсетат на  македонскиот славеј низ молитва имаат можност тоа да го сторат денеска, 13 октомври, во 10 часот во капелата на загребачка Роков перивој. Освен денеска, црквата ќе биде отворена и на 16 октомври, денот кога легендата Тоше Проески загина кај Нова Градишка, во периодот од 17 до 18 часот, пишуваат хрватските медиуми.

Како и секоја година, и годинава ќе се оддржи меморијален маратон од Нова Градишка до Крушево. Денеска наутро од стадионот на ФК Слога тргна почесниот маратон, кој се оддржува веќе шестта година.  На маратонот по втропат се приклучува познатиот радиски водител и пријател на Тоше, Далибор Петко, кој ќе се обиде да истрча неколку километри, со што сака да ја изрази својата почит кон човекот и музичарот кој неизмерно го ценел и почитувал.

Вчера во Нова Градишка се оддржаа низа активности во чест на македонскиот ангел – меморијален турнир во ракомет, собир пред споменикот, миса во црквата Св. Терезија, како и меморијален концерт на кој настапија Заедницата на Македонците во Хрватска и славонските тамбураши изведувајќи ги песните на Тоше на тамбури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top