Олимпијакос беше поразновиден и во ротацијата имаше повеќе напаѓачки опции за победа против Фенербахче од 82-71 по што си ги зголеми шансите за четвртфинале од кошаркарската Евролига. Грците го дочекаа турскиот претставник во меч од шестото коло во кое ја остварија третата победа во фазата ТОП 16, и што е веројатно и поважно, го откажаа Фенербахче од надеж дека ќе ја прескокне оваа рунда, и дека ќе се приближи до Фајнал форот кој се одржува токму во Истанбул.
Перо Антиќ на теренот во салата Мир и Пријателство мина 16 во минути и во триумфот на Олимпијакос придонесе со 4 поени и 4 скокови, а Бо Меккејлеб даде 20 коша со одличен процент на шут и со шест скока и три асистенции, но кај гостите освен Богдановиќ со 20 и Андерсен со 18 поени сите останати вкупно, имаа 11 коша.
Во другите средби од шестото коло предвидени за првиот ден од оваа рудна беа постигнати овие резултати: Жалгирис-Алба 92-56, Бешикташ-Макаби 55-77, Реал Мадрид-ЦСКА 86-78 и Барселона-Монтепаски 85-66. Денеска се играат средбите: Уникаха-Ефес, Панатинаикос-Бамберг и Каха Лаборал-Химки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


