| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје ја запиша втората победа потешко од очекувањата

МЗТ Скопје сосема заслужено стигна до втората победа во јадранската АБА лига со победата над Будуќност од 78-71. Минатогодишните два порази од црногорците секако беше мотив повеќе за избраниците на Вукојевиќ да докажат дека екипата од Подгорица не е не совладлива и не премостлива пречка.

Во текот на сите 40 минути желбата за победа беше огромна а предводник на „металците“ секако беше најискусниот и капитенот Тодор Гечевски со 27 поени и 10 скока. Фантастичниот Тоше одигра како по ноти и ги спроведе сите тактики на тренерот на паркетот.

Иако ослабени со неиграњето на повередениот Дамјан Стојановски кој е значајна алка во играта на тимот од Аеродром играчите го почнаа мечот фуриозно со цврста одбрана и разновиден напад. по само седум минути игра веќе имаа предност од 15 поени разлика (19-4) што го натера тренерот на гостинската екипа да ги искористи двата тајмаута предвидени за цело полувреме. Во игра во овој период од натправарот влезе и срцето на тимот Ѓорѓи Чековски кој се врати од повредата заработена на евробаскетот во Словенија. Со постигнатата тројка од популарниот „Станко“ металците дојдоа до нависоки 16 поени предност која со мали осцилации ја задржаа и до полувремето.

Во третиот период од играта црногорците не се откажаа и пробуваа со чести ротации на играчите да го нарушат ритамот на забревтаниот МЗТ. Во тоа успеаа до некаде откако Гечевски беше заменет поради три лични грешки. Овој период го добија со четири поени разлика и вкупниот резултат гласеше 64-52. Во последниот дел Будуќност продолжи со агресивната игра во одбраната и брзи контра напади. Ваквата игра на гостинските играчи го натера тренерот на МЗТ да повика тајмаут и во игра да го врати денес фантастичниот Гечевски. Веднаш погоди под фаул и реализираше три поени од истиот напад. Во последните две минути вистинска драма во Борис Трајковски. Кога се чинеше дека натправарот е веќе добиен, Будуќност успеа да стигне до минус два (69-67). Сепак со двете тројки на Синовец и Оташевиќ МЗТ заслужено ги освои бодовите и се искачи во горниот дел од табелата во АБА лигата.

Следниот наптревар на МЗТ е крштевањето во Еврокупот на гостински терен против екипата на Рига. Да им посакаме добра игра и победа во премиерниот настап.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top