
Семејството на Чарлс Менсон прикажа до сега необјавена фотограија од монструозниот убиец од времето кога бил мал. Менсон го памети јавноста по неуредната брада и коса, кукастиот крст истетовиран на чело, а сега, четири децении по свирепите убиства кои го „прославија“ најозлогласениот американски убиец се прикажува во поинаква верзија.

Менсон со неговото “семејство“ на 8 август 1969 година ја уби Шерон Тејт, актерката и сопруга на режисерот Роман Полански во деветтиот месец од бременоста. Во истиот масакр беа убиени уште тројца пријатели на Тејт и Полански, како и Стивен Парент, случајна жртва која во моментот се нашла на имотот на Тејт.
Чарлс Менсон проповедал крвава револуција и управувал со сатанистичкиот ред кој убивал по негова наредба. Осуден е на смрт во гасна комора, но бидејќи во тоа време смртната казна во Калифорнија била укината, осуден е на 9 доживотни робии за 9 убиства. По негова заповед неговите следбеници извршиле едно од најгрозоморните убиства дотогаш забележани.
Денес Менсон има 78 години и издржува доживотна казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


