Црногорската влада одлучи денеска да одвои 5 илјади долари за решавање на итни прашања во светот, особено во Сирија.
Се потсетува дека генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ги повика сите влади на земјите-членки да одговорат на апелите и да придонесат за подигнување на фондовите за спроведување на планот- хуманитарна помош за Сирија и тамошните бегалци.
Владата на Црна Гора, со овој потег се приклучува на меѓународната зедница за изнаоѓање на одржливо политичко решение за кризата во Сирија.
Европската Унија минатата година во ноември, во заедничката изјава од страна на Советот на ЕУ ја призна коалицијата за претставник на сирискиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


