| четврток, 6 декември 2018 |

Клинтон: САД ќе бидат лидер во светот и во 21-от век (видео)

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска во нејзиното последно јавно обраќање пред напуштањето на функцијата дека САД ќе продолжи да води во 21 век

clinton2_blog_main_horizontalЕден ден пред официјално да замине од канцеларијата, Клинтон, исто така, повика на модернизација на националните институции, повикувајќи на потребата на “нова архитектура за еден нов свет”.

Во говорот во Советот за надворешни односи таа ги бранеше своите четири години во канцеларијата, потсетувајчи каде била Америка кога таа ја преземала функцијата во почетокот на првиот мандат на претседателот Барак Обама.

“Помните ли со што се соочивме во јануари 2009 година? Две војни, проблемите во економијата, слабеењето на традиционалните сојузи, дипломатски статус на САД беше нарушен- рече таа.

Четири години подоцна, „Ние ревитализиравме американската дипломатија и ги зајакнавме нашите сојузи”, рече Клинтон.

-На кратко, Америка е посилно денес на национално ниво и повеќе почитувана во светот. Нашата глобална лидерство е на поцврста основа отколку што многумина претпоставуваа- рече таа.

Државниот секретар додаде дека Вашингтон треба да ја прошири својата ангажираност, бидејќи, како што рече таа, „не може да биде лидер во 21 век без инструменти за 21 век”.

-Не во време кога луѓето организира продемократските протести преку Твитер и  терористи шират омраза преку интернет- предупреди Клинтон.

Таа додаде дека САД ќе остане “нација без кој не се може”.

-Ова не е фали или празен слоган – тоа е признавањето на нашата улога и нашата одговорност- додаде таа.

Значи САД ќе продолжат да бидат лидер во овој век, па дури и да ведеат на нови начини, заклучи Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top