| четврток, 6 декември 2018 |

Кобна ергенска вечер: Александар, Борче, Горан, Живко и Филип ги замолкнаа Кисела Вода и Гази Баба

Во трагична сообраќајна несреќа кај „Рампа“ во скопска Кисела Вода животот го изгубија петмина млади скопјани ноќеска околу 3 часот.

Братучедите Александар и Борче, и нивните пријатели Горан, Живко и Филип на возраст 27 и 28 години се враќале од ергенска забава.

Тага болка и молк во домот на братучедите Александар и Борче во Кисела Вода. На истата улица е и домот на Горан. Другите две момчиња живееле во Гази Баба.

БМВ -то со кое се движеле по „Јужен булевар“ излетало од улицата и удрило во зградата на Пазарна инспекција. Трагите од крв на ѕидот сведочат за страшната сообраќајка. Откако утрово беше изваден автомобилот од подрумските простории на Пазарната инспекција попладнево се расчистуваше хаосот кој остана по силниот удар со кој автомобилот влетал во магацинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top