| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорги Колозов – десет години без последниот македонски цар (видео)

Омаж

Поминаа десет години откако се збогувавме со последниот македонски цар. Замина на 13 октомври 2003 година, на 55 годишна возраст. Остана запаметен по легендарните македонски приказни во кои најчесто го глимеше царот, не ретко чорбаџијата, попот и Дедо Боже…

kolozov111

-Апсаана не ми гини, абе ти шутрак си би, ах еве го и третиот петел, кадија те тужи, кадија ти суди… Го препознавате мудрецот од народните приказни. Иако десет години не е меѓу нас, цитатите од неговите улоги во Македонските народни приказни ни се врежани во глава. Немаше утро без единствениот македонски цар во 20. век. Интересниот старец ни ги разубавуваше утрата, ни делеше по некој совет, пееше во старите цркви, царуваше во своето царство, „владееше на небото“, го повикуваше Дорчо да излезе од шапурката, не учеше дека на попот се вика „на попе рака, а не дај попе рака“…gjorgji-i-shenka_n

Тој и неговата сопруга Шенка Колозова секогаш беа во улога на цар и царица, во улога на противници или во улога на стари селани кои делат мудрост… Низ неговиот лик ги видовме човечките недостатоци, низ неговиот збор ги слушнавме дијалектите, од неговата гардероба научивме за народните носии, од неговите „живеалишта“ научивме за трошните македонски куќи…

Оние кои го познаваа велат дека не е само голем актер, туку и голем човек со добро срце, човек без маска на лице во приватниот живот. Големиот актер замина прерано, но за неговите дела ќе говорат уште многу генерации.

gorgi kolozov11

Кариера:
Беше вработен во МНТ. Еден од најпознатите проекти на кои работел е „Македонски народни приказни“ базиран врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература. Од 1984 година имал снимено 300 епизоди „Македонски народни приказни“.

kolozov1

 

 Театар:

На сцената на МНТ играл во претставите: „Од многу ум”, „Андрокле и лавот”, „Госпоѓа министерка”, „Чорбаџи Теодос”, „Женидба”, „Воена тајна”, „Мрестење на краповите”, „Слободни врски”, „Валпургиска ноќ”, „Рекламна бајка“.

gorgi kolozov

Филмографија: 
„Македонскиот дел од пеколот“, „Истрел“, „Смилевскиот конгрес“, „Волшебното самарче“, „Нели ти реков“, „Златни години“, „Илинден“, „Записник“, „Кога тетин климент шеташе низ градот“,„ Јуначко колено“, „Белото Циганче“, „Случки од животот“, „Легенди и преданија“,„ Ајде да се дружиме“, „На наш начин“, „Од зад грб“, „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Елелига Пепелига“, „Поштар“, „Опстанок“, „Тетовирање“, „Во светот на бајките“, „Каса“, „Последниот валцер“…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top