| четврток, 6 декември 2018 |

Потона ферибот со емигранти од Сирија, Палестина и Египет

Ферибот со имигранти потона во Средоземно Море, западно од египетскиот град Александрија. Спасувачките тимови од водата извадија тела на 12 лица. Во операцијата спасени се 116 лица, од кои 40 Сиријци, 72 Палестинци и четворица Египќани. Сите се одведени во военопоморската база Рас ат Тин. Нема податоци која била дестинацијата на фериботот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top