Денеска во Куманово излезе од печат првиот број на неделниот весник “Плоштад“, објави „Куманово њуз“.
-Целта на редакцијата на “Плоштад“, велат оттаму е граѓаните да бидат информирани за локалните настани и случувањата во градот. Преку неделникот граѓаните ќе добиваат комплетна слика за активностите на партиите, градоначалникот, администрацијата, советниците, јавните претпријатија и слично.- вели сопственикот на Плоштад, Марјан Петрушевски.
Весникот ќе излегува секој петок и ќе се продава по 20 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


