Во текот на овој месец треба да излезе конкурсот за вработување на 300 лица со посебни потреби, најави денеска премиерот Никола Груевски. Владата проценила оти се работи за категорија на која треба да и се помогне.
– Меѓу тие лица има што не може да работат, не се работоспособни заради нивниот здравствен проблем, но има и лица коишто се работоспособни и може да им се најде работни места на кои подеднакво добро ќе ја вршат работата како што ја вршат останатите, изјави Груевски.
Ова, според него, е проект што треба директно да им помогне на лицата со посебни потреби да не се чувствуваат само како лица коишто се на терет на државата, да не се чувствуваат занемарени, отфрлени и на некој начин да им се пружи рака, да им се помогне. Критериумите за категоризација на овие лице ќе ги изготви Министерството за труд и социјална политика. Владата на Република Македонија неодамна спроведе проект за вработување на 1.600 лица, четири ранливи категории по 400 лица, дополнително спроведува уште еден, петти по ред за вработување на 50 лица излезени од дом за деца без родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


