| четврток, 6 декември 2018 |

Италија спасува имигранти, многумина удавени

h_51030468Имигранти беа спасувани ноќта во неколку операции на италијанската крајбрежна стража. Во првата акција од водата биле извадени 210 лица кои се наоѓале во два гумени чамци и кои испратиле сигнал за помош. Потоа биле префрлени на малтешки брод кој пловел за Сицилија.

Брод, кој пловел под знамето на Бахамите, превезол 118 имигранти, кои потоа ги оставил на јужниот италијански остров. Италијански поморски брод зел вкупно 175 лица од два чамци и ги одвел во Сицилија. Во меѓувреме, утрово беше најдено уште едно тело на имигрант кој се удавил при потонување на брод крај јужниот италијански остров Лампедуза на 3 октомври. Со тоа бројот на жртвите достигна 312  лица. Само 155 од вкупно 500 имигранти на бродот, претежно Еритрејци, беа спасени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top